Елиф Елмас доби шанса да игра за Наполи од 55-тата минута на дербито со Лацио, но веќе беше доцна за евентуален пресврт, или за бод за гостите, кои имаат негатива од 2:0 во Рим, резултат со кој и загубија од големиот ривал.
Домаќините рутински славеа во меч во кој потполно го надиграа Наполи, а триумфот го најави Чиро Имобиле со погодок во деветтата минута.
Гол со кој стигна до котата со број 138, како втор стрелец во клупската историја на Лацио. Сега му недостасуваат 11 погодоци за да го стигне лидерот Силвио Пиола, кој е прв со 149 голови.
По Имобиле, мрежата на гостите ја затресе и Луис Алберто во 56-тата минута за лесна победа на домаќините од 2:0.