Врвен приоритет за шампионот на Италија, Наполи, ова лето ќе биде потписот на Дарвин Нуњес од Ливерпул. Раководството на клубот нема да потпишува други фудбалери додека не завршат преговорите со Ливерпул за Уругваецот.
Иако интерес за Нуњес има и од други европски екипи, но и од екипи од Саудиска Арабија, сепак, во моментов Наполи е во пол-позиција. Преговорите се во напредна фаза, а тие ќе продолжат веќе од понеделник.
Уругваецот во 2022 година од Бенфика се пресели во Ливерпул за 85 милиони евра, а оваа сезона одигра 47 натпревари за „црвените“ на кои забележа по седум голови и асистенции.