Наполи не се откажува од Скудетото и (привремено) се израмни со Интер на врвот (Видео)

Фудбалерите на Наполи не се откажуваат од борбата за Скудетото и со тешка победа на гостувањето кај „фенерџијата“ со Серија А, Монца, се израмнија според бројот на бодови со Интер.

Наполи многу потешко од очекувањата славеше само со 0-1 на гостувањето кај Монца, а единствениот гол на мечот беше дело на шкотскиот интернационалец, Скот Мектоминај.

Наполи сега дојде до 71 бод, колку што има и Интер, но екипата од Милан утре гостува кај Болоња, па со евентуална победа ќе се врати на +3. Од друга страна, Монца останува само со теоретски шанси за опстанок во Серија А, бидејќи е убедливо последна со само 15 бода, но и серија од 13 натпревари без победа, од кои само две се нерешени, а сите останати се порази.

- Оглас -

Најнови вести