Наполи не си ја заборави својата фудбалска икона и преку социјалните мрежи потсети дека на денешен ден е роден фудбалскиот великан Диего Армандо Марадона.
За жал еден од најдобрите фудбалери на сите времиња почина лани во ноември по контроверзниот случај што чека и судка разврска.
Од Наполи потсетија дека Диего е роден на 30. октомври во 1960 година и да беше жив денеска ќе го славеше 61. роденден. Во негова чест стадионот „Сан Паоло“ во Неапол е преименуван во „Диего Армандо Марадона“.
https://twitter.com/sscnapoli/status/1454347378467688452?s=20
Утре во негова чест Елиф Елмас и соиграчите ќе се обидат да ја победат Салернитана и да останат на врвот на табелата во Серија А. Наполи има 28 бода со девет победи и едно реми во Калчото, а ист број на бодови и ефект има и Милан.