Екипата на Наполи нема да отпатува во Торино, каде вечерва требаше да игра против Јувентус во меч од Серија А. Фудбалерите на Наполи се дома во изолација, и немаат дозвола да го напуштат градот. Синоќа беше објавено дека за Серија А, тоа не е доволно за одложување на мечот, и мора да има 10 заразени за да се одложи меч, но претпладнево дојде поинаква изјава од висок функционер на италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ).
Во ФИГЦ велат дека мечот треба да се одложи, бидејќи Наполи нема право да не ги почитува мерките на здравствените власти во регионот Кампања.
Елмас и Зјелински се фудбалерите на Наполи кои имаат Ковид-19, па поради тоа, како превентива, цел тим замина во изолација. Од Јуве најавија дека вечер во 20.45 часот ќе се појават на терен, и со судиите, 45 минути ќе чекаат да се појави Наполи. Но, во следните неколку часови поверојатно е да се донесе одлука за одложување, отколку на првакот да му биде доделена службена победа од 3-0.