5.8 C
Skopje
сабота, 28 февруари 2026

Наполи нема право на уште еден кикс против Верона

1004 Ливерпул – Вест Хем (16.00 часот)

Црвените имаа три победи во претходните четири кола, а и за Вест хем кој е загрозен и се бори за опстанок, може да се каже дека е во форма, има само еден пораз во последните пет кола. Ливерпул има 20 бодови повеќе од Чеканите и секако е фаворит на хартија. Отсуството на Вирц може да биде проблем за Ливерпул кој 20 дена нема примено гол. Есеноска во Лондон, Ливерпул го совлада Вест Хем со 2-0. Последната победа на Вест хем на „Енфилд“ беше пред 11 години.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.35)

 

1303 Барселона – Вилјареал (16.15 часот)

Барса е прва, а Вилјареал трети на табелата, и разликата помеѓу нив е десет бодови. Каталонците се перфектни на свој терен сезонава во Ла Лига, ги добија сите 12 натпревари како домаќини и во просек даваат три гола по меч. Последен шпански тим кој победил на гости кај Барселона е токму Вилјареал, тоа се случи лани во мај. Жолтата подморница има добиено дури три од последните четири гостувања кај Барса. Цели 16 години се нема случено да биде нерешено на нивните дуели кога Барселона била домаќин.

Предлог тип: 1-2 I & 1-3 II (2.14)

 

3003 Верона – Наполи (18.00 часот)

Наполи немаше победа во претходните две кола во Серија А, па за нив гостувањето кај последнопласираниот на табелата доаѓа како порачано. Наполи е тим кој има само едно реми на гостински терен на досегашните 14 гостувања, а Верона дома има само една победа на 12 меча. Овие два тима минатиот месец играа меѓусебе во Неапол и исходот беше изненадувачки, резултатот беше 2-2, и тоа Верона водеше со 2-0. Сега наполитанците нема да го потценат противникот и веруваме дека ќе триумфираат на стадионот на кој не победиле од октомври 2023 година.

Предлог тип: Т2 2+ (1.95)

 

1006 Лидс – Манчестер сити (18.30 часот)

Манчестер сити е во налет, има три победи по ред што е најдолга актуелна серија во Премиер лигата. Лидс е тим кој има дури 10 ремија сезонава, знаат да останат непоразени против некој фаворит. Сити се бори за титула, ако победи вечерва, ќе дојде на два бода негатива зад Арсенал. Традицијата е апсолутно на страна на Граѓаните, имаат пет победи по ред во дуелите со Лидс. Лидс дома не победил против Сити од 2004 година. Есеноска Сити дома едвај го победи Лидс со 3-2.

Предлог тип: Х2 & ГГ (2.10)

 

1806 Б. Дортмунд – Баерн М. (18.30 часот)

Баерн има прилика со победа во Дортмунд против директниот конкурент за титулата да го зададе решавачкиот удар во битката за тронот. Во моментов Баварците имаат предност од големи осум бодови и ако победат денеска, би побегнале на плус 11 со што ќе стане јасно кој ќе биде првак на Бунднеслигата. Победа на Борусија ќе значи враќање на неизвесноста околу првакот. Двата тима имаат само по еден пораз во оваа сезона. Борусија дома нема пораз, но и Баерн нема пораз на гостински терен. Борусија пред неколку дена испадна од ЛШ и мора да го заборават тоа, во спротивно им следува нов болен пораз.

Предлог тип: ГГ прво/второ (1.61)

- Оглас -

Најнови вести