Екипата на Наполи немилосрдно ги гази ривалите во Серија А, а последен кој ја почувствува моќта на лидерот на табелата е тимот на Сасуоло. Во дуел од 23. коло, Наполи како гостин победи со 2:0, па сега на табелата има 62 бодови, дури 18 повеќе од вториот Интер.
Уште во првото полувреме Наполи ги реши сите дилеми околу победникот, кога беа постигнати двата погодоци. Квича Кварацкелија го најави триумфот со гол во 12 минута, а во 33 минута погоди и Виктор Осимен. Со овој погодок Осимен стана првиот играч на Наполи кој постигнува барем еден погодок на седум средби по ред, во ерата откако се доделуваат три бода за победа.
Во стартниот тим на Наполи беше и Елиф Елмас, кој доби жолт картон, а потоа беше заменет во 85 минута.