26.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Наполи одби 95 милиони евра од Манчестер јунајтед за Кулибали

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис одбил понуда од Манчестер јунајтед вредна 95 милиони евра за услугите на дефанзивецот Калиду Кулибали. Италијанскиот вицешампион не сака да остане без столбот на одбраната и еден од најдобрите дефанзивци во Европа, но доколку самиот фудбалер посака да си замине, клубовите кои се заинтересирани за него ќе мора да исплатат најмалку 100 милиони евра.

Наполи претходно одби една понуда од Реал Мадрид која достигна до 90 милиони евра, така што Kралевите и Црвените ѓаволи ќе треба да додадат уште една нула во цифрата за да го добијат Сенегалецот. Воедно, Кулибали има клаузула од 150 милиони евра во договорот, а Наполи ќе биде немоќен доколку некој клуб ја активира истата.

Покрај гигантите од Англија и Шпанија, за услугите на Кулибали се интересира и ПСЖ, така што се очекува бурно лето за него, но и војна меѓу европските великани за неговиот потпис.

 

- Оглас -

Најнови вести