Спортскиот директор на Наполи, Кристијано Џунтоли, откри сочни детали од преговорите со Ерлинг Халанд уште во времето кога Норвежанецот играше за Салцбург.
Џунтоли тврди дека договорот веќе бил склучен меѓу Наполи и Салцбург и дури била и платена отштетната клаузула.
„Имавме платено 25 милиони евра, колку што беше отштетната клаузула за Халанд во договорот што го имаше со Салцбург.
Тоа значеше дека ако одевме докрај, тој ќе беше наш играч. Но, Халанд повеќе сакаше да се пресели во Борусија Дортмунд, а ние не сакаме никого да тераме со сила да игра за Наполи и се откажавме.
Имавме одлична опција и тогаш и успеавме да го купиме Виктор Осимен и сметаме дека завршивме одлична работа“, вели Џунтоли.
По настапите за Борусија Дортмунд, Халанд замина во Манчестер сити и ја игра првата сезона за актуелниот англиски првак и е вистинска машина за голови.
Досега постигна 23 гола на вкупно 18 натпревари во сите конкуренции, што е импресивен учинок.