Наполи одвај победи третолигаш, Елмас не беше ни на клупата за резерви

Елиф Елмас има мала повреда, па затоа тренерот Лучано Спалети го изостави македонскиот репрезентативец од денешниот пријателски меч на Наполи против Про Верчели, тим од италијанската Серија Ц.

Наполитанците победија со 1-0, голот го даде Виктор Осимен. Лоша вест за Наполи е повредата на Деме кој утре ќе биде сниман и ќе се види точно каква е повредата на коленото, а освен Елмас, поштеда доби и Тутино, кој истотака има проблем со мала повреда.

- Оглас -

Најнови вести