Наполи официјално потврди: Кралот Кевин е тука!

Сега е и официјално Наполи се пофали со својот нов „Крал Кев“, нов играч на италијанскиот првак стана белгискиот фудбалер за врска Кевин де Бројне.

Белгискиот искусен играч пристигна од Манчестер сити, каде што за десет сезони имаше одлична кариера и освои сè на клупско ниво. Тој потпиша двегодишен договор, а во Наполи дојде како слободен агент откако Граѓаните не му го обновија договорот.

Минатата сезона Кевин се мачеше со повреди, имаше 6 гола и 8 асистенции на 39 натпревари во сите натпреварувања.

Де Бројне вечерва ќе ја напушти Италија, а претставувањето како играч на Наполи ќе се случи по неколку недели.

- Оглас -

Најнови вести