14.8 C
Skopje
четврток, 9 октомври 2025

Наполи остана без двајца клучни играчи, сега Елиф Елмас ќе добие поголема минутажа?

Фудбалерот за врска на Наполи, Станислав Лоботка, и офанзивецот Матео Политано, се соочуваат со повреди по победата од 2-1 над Џенова, во која двајцата беа принудени да бидат заменети, потврди клубот.

Поради нивните повреди, двајцата фудбалери беа ослободени од обврските со репрезентациите на Словачка и на Италија за претстојните натпревари од квалификациите за Светското првенство.


Лоботка има истегнување на левиот бутен мускул, додека Политано има повреда од ист тип, но на десниот глутеален мускул.

Се очекува двајцата да бидат надвор од терените најмалку еден месец, поради што ќе пропуштат неколку следни натпревари, против Торино, ПСВ Ајндховен, Интер, Лече, Комо, Ајнтрахт Франкфурт и Болоња.

И Лоботка и Политано беа стартери во сите осум досегашни натпревари на Наполи оваа сезона, при што двајцата имаа по една асистенција. Ова може да биде и шанса повеќе за настап на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

- Оглас -

Најнови вести