Фудбалерите на Наполи забележаа тешка победа од 2-3 на гостувањето кај Џенова, со гол на Хојлунд од пенал во 95-тата минута. Она што е најзначајно за нас, пеналот беше досуден по корнерот на Елиф Елмас, а Вергара беше фаулиран.
Домашните дојдоа во водство уште во третата минута преку Малиновски од пенал, но актуелниот шампион на Италија направи пресврт за само две минути. Хојлунд погоди за израмнување во 20-тата минута, додека Мектоминеј во 22-рата минута направи пресврт.
Коломбо во 57-мата минута израмни на 2-2, но Џенова не успеа да дојде до значаен бод против шампионот Наполи и на крај одлучувачки беше пеналот на Хојлунд во 95-тата минута.
Наполи до победата дојде со играч помалку, откако Хуан Жезус беше исклучен во 76-тата минута.
Елиф Елмас беше стартер за актуелниот шампион на Италија и ги одигра сите 90 минути.

