Наполи подготвува 80 милиони евра за две големи засилувања

Италијанскиот првак Наполи заврши голема работа со доведувањето на Кевин де Бројне на „Диего Армандо Марадона“. Сепак, тимот од југот на Италија не планира тука да застане и планира уште неколку засилувања во летниот преоден рок.

Тренерот Антонио Конте ќе го задржи „костурот“ на екипата, а треба да биде продаден напаѓачот Осимен, но уште не се знае каде. Се очекува за Осимен да бидат добиени барем 70 милиони евра, кои веднаш би биле инвестирани во нови играчи.

Прва цел на Наполи е доведување на Адемола Лукман од Аталанта. Тимот од Бергамо бара 60 милиони евра за нивниот голгетер, а според „Газета дело спорт“, дури 80 отсто се шансите Наполи да биде следен клуб на Лукман. Се претпоставува дека Аталанта ќе се согласи да го продаде Лукман за 55 милиони евра, плус бонуси.

Освен Лукман, на листата на можни засилувања на Наполи е и младиот 20-годишен фудбалер на Бриж Чемсдине Талбио. Крилниот играч од Мароко се проценува на 20 милиони евра, што значи дека Наполи за реализација на двата трансфери кои ги планира, ќе мора да одвои околу 80 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести