Наполи после 18 години без главниот спонзор на дресовите (Фото)

Екипата на Наполи ја освои третата титула во историјата на клубот и прва после 33 години. Првите две беа во времето кога легендарниот аргентинец Диего Армандо Марадона настапуваше за клубот од Неапол.

Сепак, Наполи како актуелен шампион на Италија во новата сезона ќе влезе со нов имиџ. Првпат после 2005-тата година на дресовите нема да стои името на компанијата Лете, која произведува вода за пиење. Во иднина на предната страна на дресовите ќе стои само името на компанијата MSC (Mediterranean Shipping Company), која се занимава со бродски транспорт.

Небеско сината останува домашна комбинација, додека гостинските дресови ќе бидат бели и сиви.

- Оглас -

Најнови вести