25.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Наполи последен падна во топ 5 најсилните европски лиги, надигран и поразен во Милано (Видео)

Лидерот на табелата во Серија А, Наполи, во првиот натпревар во 2023 година го доживеа првиот пораз сезонава во Серија А, и тоа од Интер. Интересно е што до вечерва, Наполи беше единствениот тим од петте најсилни лиги во Европа, немаше пораз.

Во големото дерби на 16-тото коло во Серија А, Интер на „Џузепе Меаца“ со 1:0 го совлада Наполи.

Нераѕурите сосема заслужено славеа, беа подобар тим, имаат многу повеќе шанси за гол, од кои икористија само една, која им беше доволна за трите бода. Стрелец на единствениот гол беше Един Џеко во 56-тата минута.

Наполи имаше шанса во последната минута преку Џакомо Распадори да се спаси од пораз, но голманот на Интер, Андре Онана, со фантастична интервенција успеа да го одбрани шутот.

Наполи и покрај поразот, остана лидер на табелата со 41 бод, сега пет повеќе од Милан, додека Интер е четврти со 33 освоени бода.

- Оглас -

Најнови вести