Италијанскиот калчолигаш Наполи сè уште не се откажал од обидите да ги ангажира напаѓачите Карим Адејеми од Борусија Дортмунд и Алехандро Гарначо од Манчестер јунајтед, тврди „Скај Италија“.
Адејеми се двоуми дали да ја прифати понудата на Наполи во зимскиот трансфер-период бидејќи не сака да се оддалечи од своето семејство кое живее во Швајцарија. Сепак, преговорите продолжуваат, исто како и оние со Манчестер јунајтед за Гарначо.
Според информациите од Апенините, Наполи сака да ги доведе двајцата играчи уште оваа сезона со цел да ја зголеми својата конкурентност во трката за титулата во Серија А.
Манчестер јунајтед бара голема отштета за аргентинскиот талент, а Наполи настојува да ја намали. Челзи, исто така, е заинтересиран за Гарначо, иако Сините сè уште немаат доставено официјална понуда.
Алехандро Гарначо беше стартер во победата на Манчестер јунајтед (0-1) против Фулам во натпревар од Премиер лигата изминатиов викенд. Според англиските медиуми, Црвените ѓаволи би можеле да се разделат со Гарначо, но само доколку и Маркус Рашфорд биде дел од трансферот, како еден вид „пакет“ за Наполи.