Актуелниот италијански првак Наполи без многу проблеми, со 3:1 победи на гостувањето кај Фиорентина, во меч од третото коло на Серија А. Со овој триумф Наполи повторно е на врвот на табелата со максимални девет бодови.
Силовито започна Наполи во Фиренца и во првите 15 минути постигна два гола. Кевин де Бројне во шестата минута погоди од пенал за водство на Наполи од 1:0. Тој погодок може да го видите ТУКА.
На 2:0 зголеми Хојлунд со погодокот во 14 минута, што беше резултат на полувреме. На почетокот на вториот дел, гостите со погодокот на Букема стигнаа до 3:0, а овој гол може да го видите ТУКА.
По водството од 3:0, Наполи направи дури четири измени, меѓу кои беше и влегувањето на Елиф Елмас во 69 минута. До крајот на мечот, Фиорентина постигна почесен гол преку Раниери во 79 минута.