26.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Наполи против Милан, тоа е најава за голови во двете мрежи

1010 Манчестер сити – Манчестер јунајтед (17.30 часот)

Иако разликата е дури 19 бода, ова е градско дерби во кое решаваат мотивите и не смее Јунајтед да биде отпишан однапред. Ливерпул со задоволство чека кикс на Граѓаните кои секако ќе останат први, но не е сеедно како ќе заврши мечот против Црвените ѓаволи. Сити е тим со најмалку примени голови во Премиерлигата, примија двојно помалку од Јунајтед, а традицијата покажува дека четири од последните пет меѓусебни дуели, завршуваа со победа на едните или другите од 2-0, додека петтиот меч беше без голови. Јунајтед има три победи по ред на „Етихад“, последната радост на Сити дома против градскиот ривал беше во ноември 2018.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.80)

 

1710 Марсеј – Монако (20.45 часот)

Марсеј се бори за второто место кое води директно во ЛШ, но освои само еден бод во претходните две рунди, додека Монако е само десетти и не знае за победа во последните три кола. Двата тима дале по 39 гола, а Марсеј кој примил пет гола помалку, има осум бода повеќе од Кнезовите. Фабрегас и Головин се повредени кај Монако. Традицијата најавува голови на двете страни, во 2008 година последен пат се случило да не биде ГГ на нивните пресметки на „Велодром“. Есеноска во Монте Карло, беше 2-0 за Марсеј.

Предлог тип: 1 (2.35)

 

3010 Наполи – Милан (20.45 часот)

Кај овој пар, нерешениот исход делува најреална опција, а традицијата најавува барем три гола. Двата тима се борат за титула, имаат ист број на бодови, а и двата тима одиграа по две ремија во последните три кола. Можеби нерешено најмногу би му одговарало на Интер, кој има еден меч помалку и тоа му се џокерот во трката за Скудетото. Има шанса кај Милан по подолго време да се појави Ибрахимовиќ, и тоа ќе биде тест за најцврстата одбрана во Серија А. Росонерите уште од ноември не загубиле на гостински терен. На 11 од последните 12 дуели во Неапол, паѓале барем три гола и само еднаш едниот тим не постигнал гол.

Предлог тип: ГГ (1.75)

 

1310 Бетис – Атлетико Мадрид (21.00 часот)

Бетис на овој меч ќе го брани третото место кое му е загрозено од Барселона и Атлетико. Бетис има само еден бод плус во однос на Јорганџиите. Проблем за Бетис може да биде заморот, имаа ментално исцрпувачки меч од купот, таму славеа пласман во финалето со реми против Рајо, па одморениот Атлетико може да победи. Одбраната на Атлетико сезонава е попустлива, но традицијата не најавува голеада.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.89)

 

1957 Фенербахче – Трабзонспор (17.00 часот)

Фенер е во налет, има три победи по ред, па се проби до четвртата позиција со дури 20 бода помалку од вечерашниот гостин. Трабзонспор е безбеден на врвот, има огромна предност, сигурно ќе ја освои титулата, плус тоа во победничка низа е, па на гигантот од Истанбул кој се бори за излез во Европа, му претстои голема борба. Ова се екипи кои ретко играат нерешено, а и во поаследните неколку меѓусебните дуели секогаш има победник.

Предлог тип: ГГ (1.67)

- Оглас -

Најнови вести