15.8 C
Skopje
понеделник, 22 септември 2025

Наполи прв дава гол, но Реал Мадрид ќе победи – во првиот половина час ќе се тресе мрежата

Второто коло во Лигата на шампионите го носи дерби-дуелот во Неапол меѓу домаќинот Наполи и Реал Мадрид. Двата тима победнички започнаа во првото коло и тие треба да бидат екипите кои би продолжиле во нокаут фазата од групата во која се и Брага и Унион Берлин.

Според коефициентите, треба да биде неизвесен меч. Во 21 век, овие две екипи имаат одиграно два меча, и тоа во осминафиналето на ЛШ во 2017 година, а Реал Мадрид двапати победи идентично, со 3:1. Тоа што е интересно е дека на двата дуела Наполи беше тимот кој прво постигнуваше погодок, но Кралскиот клуб потоа доминираше и со пресврт стигнуваше до победи од 3:1.

Интересно е дека сезонава Реал Мадрид веќе одигра три натпревари во домашното првенство, на кои прв прими гол, но потоа победуваше против Алмерија (3:1), Хетафе (2:1) и Реал Сосиедад (2:1).

Според коефициентите за прв стрелец, главен фаворит е првата ѕвезда на Наполи, Виктор Осимен. Потоа следуваат гостинските играчи Родриго и Хоселу. За оние коишто веруваат во Елиф Елмас, квотата за македонскиот репрезентативец да биде стрелец на првиот гол е дури 12, а да постигне погодок во текот на средбата, квотата е 4.50.

Според традицијата од средбите одиграни пред шест години, првиот гол треба да биде постигнат во почетните 30 минути, што значи дека вреди да се брка интервалот на тоа кога првпат ќе се затресе една од двете мрежи.

Во Специјалниот сингл на Sport Life има голем број игри, па може да одиграте на почетен удар, потоа кој прв ќе има аут, прв или последен корнер, прв или последен жолт картон, како и тоа кој тим ќе се реши прв да направи измена.

За оние коишто сакаат да водат статистика, тука се и игрите за бројот на корнери, жолти картони, офсајди или фаули. Тука се и бројот на шутеви кон противничкиот гол, како и ударите во ракмите на головите.

Интересни се и комбинациите за тоа дали ќе има црвен картон или пенал за една од екипите. Едноставно, со Специјалниот сингл на Sport Life секое фудбалско дерби е многу поинтересно и повозбудливо за гледање.

 

- Оглас -

Најнови вести