Наполи разгледува четири опции во случај Конте да биде новиот селектор на Италија

Антонио Конте е еден од фаворитите за преземање на селекторската функција во репрезентацијата на Италија, па во редовите на актуелниот шампион на Италија се разгледуваат четири опции како можна замена.

На почетокот на неделата, Конте сам отвори врата за такво сценарио, признавајќи дека не ја исклучува можноста да стане селектор на „аѕурите“, кои доживеаја нов дебакл и ќе пропуштат трето последователно Светско првенство.

Според италијанските медиуми, меѓу кандидатите се поранешниот тренер на Челзи, енцо Мареска, како и Винченцо Италијано (Болоња), Даниеле де Роси (Џенова) и Фабио Гросо (Сасуоло).

Наполи во моментов е на второто место на табелата во Серија А со седум бода помалку од лидерот Интер.

- Оглас -

Најнови вести