12.8 C
Skopje
сабота, 8 ноември 2025

Наполи сака да се засили со уште една ѕвезда на Манчестер јунајтед

Италијанскиот шампион Наполи повторно ја започна комуникацијата со агентите на младата ѕвезда на Манчестер јунајтед, Коби Мејну. Тренерот Антонио Конте сака да го доведе талентираниот играч за врска на позајмица во Неапол.


Сепак, засега Ѓаволите сè уште не донеле конечна одлука дали ќе го одобрат евентуалниот заем на играчот во зимскиот трансфер прозорец.

Наполи продолжува да ја следи ситуацијата со голем интерес и уште минатата недела контактирале со агентите на 20-годишниот фудбалер. Дополнително, и Рома го следи Коби Мејну, пренесува „Скај Италија“.

За време на репрезентативната пауза, агентите на Коби Мејну ќе разговараат со раководството на Јунајтед за да утврдат дали клубот е спремен да го пушти на позајмица.

Засилениот интерес на Наполи е делумно мотивиран од повредата на Кевин де Бројне и од тоа што Замбо Ангиса ќе настапува за Камерун на Африканскиот куп на нации во текот на јануари.

Мејну е заинтересиран за трансферот во Наполи, но и тој и италијанскиот клуб ќе ја чекаат конечна одлука од Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести