Наполи – Салернитана дефинитивно в недела, Елмас чека од Распадори да му даде 500 евра

Средбата помеѓу Наполи и Салернитана нема да се игра в сабота, одобрено е барањето на домашните за мечот да биде презакажан за в недела, а терминот ќе биде 15 часот.

Ова значи дека наполитанците пред мечот ќе знаат дали со победа би ја обезбедиле третата титула во клупската историја. Од 12.30 часот играат Интер – Лацио, тој термин е фиксиран и нема да се смени, а ако римјаните не победат, тогаш Наполи ќе има шанса за обезбедување на Скудетото.

Интересна вест од Неапол има и во врска со Елиф Елмас. Македонскиот репрезентативец рече дека има договор со Распадори дека за секоја асистенција што што му ја даде, треба да му плати 500 евра. Елиф му асистираше на Распадори на дербито со Јувентус.

„Имаме договор дека за секој гол што ќе го даде на моја асистенција, треба да ми даде 500 евра. Уште ги чекам парите за асистенцијата против Јуве“, рече Елмас.

- Оглас -

Најнови вести