11.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Наполи се договори со Џејдон Санчо, но потешко им оди со Манчестер јунајтед

Италијанскиот шампион Наполи постигна договор со крилниот играч на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо. Според информациите, 25-годишниот англиски репрезентативец дал согласност да се пресели на стадионот „Диего Армандо Марадона“, но трансферот сè уште не е финализиран поради недоразбирања меѓу двата клуба.

Манчестер јунајтед инсистира да добие 25 милиони евра за своето крило и покрај тоа што договорот со Санчо истекува во 2026 година. Наполи смета дека сумата е превисока и во моментов не е подготвен да ја исплати целосно, поради што преговорите продолжуваат.

Санчо минатата сезона играше како позајмен фудбалер во редовите на Челзи, каде што во 42 натпревари постигна пет гола и запиша 10 асистенции. И покрај солидната статистика, Сините од Лондон решија да не го откупат неговиот договор, плаќајќи пет милиони фунти за едногодишната позајмица.

Англичанецот во својата кариера настапуваше и за Борусија Дортмунд, каде што го имаше својот најдобар период пред да се врати во Премиер лигата во 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести