-2.2 C
Skopje
четврток, 8 јануари 2026

Наполи се мачеше да освои бод, Крстовиќ не знае да даде само еден гол (Видео)

Наполи на свој терен одигра само 2-2 со Верона и пропушти прилика да се искачи на првото место на табелата во италијанската Серија А.

Верона рано, после 27 минути водеше со 2-0, резултат кој го имаше и на полувреме. Но, Наполи кој се бори за титула, успеа да постигне два гола за реми против тим кој е во опасната зона и е сериозен кандидат за испаѓање. Првиот гол на Верона беше мајсторски, со пета, и тоа стрелецот Фрезе беше во воздух. Голот погледнете го ТУКА.

Елиф Елмас беше стартер кај Наполи, а беше повлечен од игра во 63-та минута, при резултат 1-2.

Се одигра и меч помеѓу Болоња и Аталанта, гостите од Бергамо славеа со 2-0, со два гола на Црногорецот Никола Крстовиќ. Интересно е дека Крстовиќ сезонава има дадено четири гола, на два меча по два, се нема случено тој да постигне само еден гол на натпревар.

Во последната година, во Серија А нема фудбалер со повеќе погодени „двојки“ од Крстовиќ. Тој од почетокот на 2025 наваму има четири мечеви на кои давал два гола.

- Оглас -

Најнови вести