Наполи се претвори во машина за победување во Серија А

Наполи без никакви проблеми славеше на гости кај Сампдорија со убедливи 4:0 во меч од петото коло на Серија А. Со оваа победа, тимот од југот на Италија продолжи со перфектен биланс во првенството. Со 15 бода и гол-разлика од 14 дадени и само два примени гола, Наполи покажува дека има квалитет дури и за шампионска титула, која ја чека дури 31 година.

Виктор Осимен даде по еден гол во двете полувремиња, а во листата на стрелци се запишаа и Руиз и Зјелински. Елмас не беше стартер, но македонскиот репрезентативец влезе во игра во 68-мата минута, кога веќе гостите ги имаа постигнато сите четири погодоци.

За Наполи ова е само третпат во клупската историја да победи на првите пет меча од првенството. Ова беше 54-ти меч на кој Наполи во првото полувреме имал водство од 2:0 и на крајот да стигне до трите бода.

Во вториот меч, кој се одигра во исто време, Торино и Лацио одиграа 1:1. Марко Пјаца во 76-тата минута погоди за радост на Торино, но Чиро Имобиле го спаси Лацио од пораз, и тоа со погодок во 91-вата минута.

 

 

- Оглас -

Најнови вести