Наполи се жали на судењето, тврдат дека имало пенал врз Осимен кој ќе го сменел текот на мечот (Видео)

Спорниот момент од 49-тата минута уште долго ќе биде во мислите на навивачите на Наполи и ќе се прашуваат каков тек ќе имаше осминафиналниот меч во Барселона ако судијата Дани Макели досудеше пенал за италијанскиот првак при резултат 2-1 за Барса.

Младиот Пау Кубарси, кој беше прогласен за најдобар играч на синоќешниот меч во еден дуел со Виктор Осимен во 16-никот на Каталонците, го нагази Нигериецот, но за судијата тоа не беше доволно за пенал, а немаше реакција ни од ВАР-собата.

Тренерот на Наполи, Франческо Калцона, рече дека тоа било чист пенал кој можел да го смени текот на средбата и се жалеше зошто ВАР не си зема повеќе време за подетално да ги прегледа ваквите моменти.

Експертите се поделени, за некои тоа е пенал, за други не.

- Оглас -

Најнови вести