Наполи сериозно влезе во трка за Икарди

Наполи е подготвен да ги плати бараните 60 милиони евра на Интер, за да го купи Мауро Икарди. Според најавите, тимот од југот на Италија може да го вклучи дури и Лоренцо Инсиње како дел од можната трампа.

Веќе со месеци се најавува заминувањето на Икарди од Интер, а како главен фаворити за негов нов клуб беше Јувентус. Сепак, Старата дама не делува сериозно, па затоа во трката се вклучи и Наполи. Интер сака да го продаде Икарди, а на негово место во нападот да ги доведе Ромелу Лукаку од Манчестер јунајтед и Един Џеко од Рома.

Нераѕурите се надеваат дека ќе создадат тим кој ќе може да му парира на Јувентус во трката за титулата, но засега немаат конкретен чекор за мега трансфер. Наполи ако успее да го доведе Икарди ќе направи две добри работи со еден потег. Покрај тоа што ќе се засили со квалитетен играч, ќе му го украде на Јувентус фудбалерот кој знае да биде многу корисен на теренот.

 

- Оглас -

Најнови вести