19.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Наполи сезонава игра како на „Плејстејшн“, но има еден проблем

Наполи ја има титулата во Серија А в џеб, па може да се фокусира на Лигата на шампионите, каде што засега добро турка и е на прагот на пласман во четвртфиналето. Можеби никој не го сместува Наполи во најтесниот круг на фаворити за титулата, но како што игра сезонава, не би било чудо ако стигне далеку.

Но, екипата на тренерот Лучано Спалети има еден проблем сезонава, тоа се пеналите.

Повеќе играчи се менуваат како изведувачи на пенали, но тоа не носи резултат, порано или подоцна, секој од нив не погодува удар од белата точка.

Во ЛШ, Наполи изведе шест пенали, од кои промаши три. И синоќа против Ајнтрахт не реализираа пенал, шутот на Хвича Кварацхелија го одбрани Кевин Трап.

Пенали за Наполи во ЛШ сезонава утнаа и Зјелински и Осимен. Наполи на пенали беше елиминиран од Кремонезе во Купот, клучниот пенал го утна Лоботка. Во Серија А се добри, од шесте пенали, реализираа пет, утна само Политано против Сампдорија.

- Оглас -

Најнови вести