Диа со гол во финишот го одложи славјето во Неапол (Видео)

Екипата на Наполи ќе сочека уште неколку денови за и официјално да го крене шампионскиот трофеј од Серија А. За одложувањето се погрижи фудбалерот на Салернитана, Диа, во 84-тата минута кој ги постави конечните 1-1 на мечот во Неапол.

Наполи долго се мачеше да го отвори реултатот, а тоа им појде од рака во 62-рата минута кога Оливера постигна погодок за глава за водство од 1-0.

Кога веќе сите се подготвуваа за отворање на шампањот, Диа го замолкна стадионот во Неапол со погодок во 84-тата минута за 1-1, што на крајот се покажа дека е конечен резултат на овој натпревар.

Наполи на табелата има 18 бодови предност пред второпласираниот Лацио на шест кола до крајот на италијанската Серија А. Сепак, титулата се уште не е дефинитивно обезбедена, со оглед на тоа дека доколку двете екипи имаат ист број на бодови ќе се игра мајсторка за титулата.

Нова шанса за кревање на пехарот, Наполи ќе има веќе во четврток кога ќе му гостува на Удинезе.

- Оглас -

Најнови вести