Фудбалерите на Наполи продолжуваат со одличните игри сезонава и во дуелот со второпласираната екипа во Серија А, Аталанта, славеа со 1:2 и се зацврстија на лидерската позиција на табелата.
Наполи по 13 кола во Серија А има учинок од 11 победи и само две ремија, додека Аталанта засега ќе остане на второто место на табелата со 27 бода, но може да биде прескокната уште вечерва доколку Милан ја победи Специја.
Голем удел во победата имаше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој го постигна вториот гол за Наполи во 35-та минута. Елмас околу пеналтикот доби топка од Осимен и успеа да го матира голманот на Аталанта, Мусо.
GOAL! Eljif Elmas
Atalanta 1-2 #Napoli#AtalantaNapoli | #SerieATIM
pic.twitter.com/lstLacLq98— Fast Footy Goals (@fast_footygoals) November 5, 2022
Дијамантот со голот на најдобар начин му се оддолжи на тренерот Лучано Спалети кој конечно му даде шанса да заигра од првата минута.
Сите три гола беа постигнати во првиот дел, а резултатот го отвори Локман во 10-та минута од пенал.
https://twitter.com/i/status/1588946559718170624
Наполи израмни преку Виктор Осимен кој со голот во 23-та минута стана најефикасен нигерски фудбалер во Серија А. Ова за Осимен беше 32 гол во Серија А.
GOAL! Victor Osimhen
Atalanta 1-1 #Napoli#AtalantaNapoli | #SerieATIM
pic.twitter.com/AsdNKon1vC— Fast Footy Goals (@fast_footygoals) November 5, 2022