13.8 C
Skopje
недела, 9 ноември 2025

Наполи си купи уште еден играч од Фенербахче и цената му е иста како на Елмас (Фото)

Наполи ќе ја плати загарантираната отштета за Ким Мин-Џае и ќе уплати 19,5 милиони евра на сметката на Фенербахче во уште еден трансфер-договор на двата клуба.

Речиси исто чинеше и преселбата на Елиф Елмас од Фенер во Наполи во 2019 година, а тогаш договорот беше 16 милиони евра на сметката на турскиот тим и Наполи да плати плус бонуси од 3,5 милиони евра со клаузула во договорот.

Разлика сепак има бидејќи македонскиот репрезентативец има офанзивни задачи и е напаѓач, за разлика од репрезентативецот на Јужна Кореја, кој е стопер.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1551829551185010688?s=20&t=36jJD_XEjCAW1b2odQ64gg

Наполи го купи Џае како замена за Калиду Кулибали, кој се пресели во Челзи.

 

- Оглас -

Најнови вести