12.8 C
Skopje
сабота, 6 септември 2025

Наполи си обезбеди напаѓач за налето

Управата на Наполи активно работи да го засили тимот во овој преоден рок, но исто така заврши дел од работата за летниот шопинг. Лоботка и Деме се преселија на „Сан Паоло“ овој месец, додека од јуни ќе се придружи и Андреа Петања, напаѓачот на СПАЛ.

Наполитанците потрошија 17 милиони евра плус бонуси за италијанскиот голгетер, кој оваа сезона брои осум погодоци во Серија А, а до крајот на сезоната ќе остане во редовите на СПАЛ како позајмен играч.

Петања инаку потекнува од школата на Милан, додека поранешниот селектор Џампјеро Вентура во 2017 година му даде прилика да дебитира за италијанската репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести