Наполи сигурно чекори кон титулата во Серија А (Видео)

Фудбалерите на Наполи го продолжија походот кон шампионската титула во Серија А која навивачите ја чекаат од 1990 година и со вечерашната победа на гости кај Салернитана од 0:2 му избегаа на второтопласираниот Милан на 12 бода. Наполи по 19 кола има 50 бода, додека Милан има 38 и утре го чека тешко гостување кај Лацио.

Со победата над Салернитана, фудбалерите на Наполи експресно се рехабилитираа за поразот од Кремонезе во Купот на Италија. Победата ја најави Џовани ди Лоренцо со голот во третата минута од судиското продолжение во првото полувреме.

На стартот од вториот дел, Виктор Осимен ја завери победа на Наполи, за кого целиот натпревар го одигра македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

- Оглас -

Најнови вести