Наполи со двоен удар: Лукаку и Мектоминеј!

Наполи до крајот на преодниот рок, а можеби уште утре, би требало официјално да ги потврди Ромелу Лукаку и Скот Мектоминеј како негови играчи.

Белгиецот и Шкотланѓанецот се пред потпис. Најавите се дека утре Лукаку треба да ги направи лекарските тестови. Уште откако Антонио Конте стана тренер на Наполи, се зборуваше дека сака да го донесе Лукаку со кој имаа одлична соработка во Интер.

Мектоминеј доаѓа од Манчестер јунајтед и тоа за отштета од околу 30 милиони евра, со тоа што Црвените ѓаволи би добиле 10 проценти и од следен трансфер на Мектоминеј.

Доведувањето на Лукаку, носи неизвесност за Виктор Осимен. Првиот стрелец на Наполи одби богата понуда од Саудиска Арабија, го одби и Челзи, сака да се пресели само во Пари Сен Жермен, но францускиот првак последниве денови како да се олади и нема испратено задоволителна понуда.

- Оглас -

Најнови вести