33.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Наполи со официјална понуда за Елиф Елмас, се чека одговорот на Лајпциг

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не е во плановите на Лајпциг, па клубот инсистира да го продаде пред крајот на летниот преоден рок, а се чини дека спасот за нашиот фудбалер ќе пристигне од актуелниот шампион на Италија.

Наполи е заинтересиран за неговите услуги, а Елиф Елмас нема ништо против повторно да го облече дресот на клубот од Неапол. Планот на Наполи е да го ангажира нашиот фудбалер на позајмица, за која би платиле 1,5 милион евра за оваа сезона, а следното лето да има можност да го откупи неговиот договор за 11,5 милиони евра.

Елмас во дресот на Наполи веќе одигра 189 натпревари со ефект од 19 гола и 11 асистенции, но освои и по еден трофеј од Купот на Италија и Серија А.

- Оглас -

Најнови вести