Наполи со победа ја заврши неверојатната сезона (Видео)

Новиот италијански шампион, Наполи, со победа стави точка на неверојатната сезона. Наполи кој по пауза од повеќе од три децении, конечно ја освои шампионската титула во Серија А, денеска пред своите гледачи на стадионот „Диего Марадона“ славеше со 2:0 против Сампдорија.

https://twitter.com/i/status/1665418393363595265

Двата гола наполитанците ги дадоа во второто полувреме, резултатот го отвори најдобриот стрелец во Серија А, Виктор Осимен во 64-та минута од пенал, а конечниот резултат го постави Џовани Симеоне во финишот од мечот.

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас се најде во првиот тим на Наполи и одигра 68 минути пред да биде заменет од Распадори.

- Оглас -

Најнови вести