27.8 C
Skopje
понеделник, 1 септември 2025

Наполи со порака: Елиф е горд што повторно е заедно со нас

Еден од најдобрите македонски фудбалери, Елиф Елмас, повторно ќе го носи дресот на Наполи. Елмас ги заврши сите потребни формалности за да може денеска да се потврди дека во новата сезона ќе го носи дресот на италијанскиот првак.

За Елмас ова ќе биде враќање во Наполи, па затоа на социјалите мрежи на Наполи стои пораката: „Елиф е горд што повторно е заедно со нас“.

Елмас со Наполи има убави спомени откако успеа да ја освои и титулата во Серија А. Потоа Елмас направи трансфер во Лајпциг, но овој потег се покажа како лош затоа што македонскиот репрезентативец не доби доволно шанса да го покаже својот квалитет, па почесто беше на клупата за резерви отколку на теренот.

Токму затоа Наполи реши да го врати Елмас, и тоа на позајмица, со можност за откупување на неговиот договор од Лајпциг на крајот од сезоната.

- Оглас -

Најнови вести