3.8 C
Skopje
недела, 8 февруари 2026

Наполи со поразот од ПСВ постави антирекорд, вакво нешто им се немаше случено никогаш во историјата

Фудбалерите на Наполи доживеаја вистински дебакл на гостувањето кај ПСВ и загубија со убедливи 6-2. Шампионот на Италија во 31-вата минута дојде во водство од 0-1 со голот на Мектоминај, но само седум подоцна веќе беше 2-1 за противникот.

Во вториот дел головите во мрежата на Наполи се редеа како на филмска лента, а шестте погодоци се антирекорд во историјата на клубот. Наполи никогаш претходно немаше примено шест гола на меч од европските натпреварувања, а ако се сметаа воопшто во сите конкуренции, шест гола немаа примено од 1997 година и поразот од Сампдорија од 6-3.

- Оглас -

Најнови вести