Наполи со пресврт го совлада Лече со 2-1 во натпревар од 29-тото коло на Серија А.
Лече поведе уште во третата минута преку Германецот Џамил Зиберт, но Партенопеите брзо се вратија во игра. Само две минути по стартот на второто полувреме, Расмус Хојлунд го израмни резултатот со својот десетти првенствен погодок, а конечните 2-1 ги постави Матео Политано во 67-та минута, донесувајќи три бода за актуелниот италијански шампион.
Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас повторно започна како стартер за тимот на Антонио Конте, но беше заменет на паузата меѓу двете полувремиња.
И покрај добриот отпор на Лече, кој не делуваше како наивен ривал на „Диего Армандо Марадона“, гостите не успеаја да освои бод.
Со оваа победа, Наполи се искачи на 59 бода, само еден помалку од второпласираниот Милан, додека Лече останува на 16-тото место и продолжува да се бори за опстанок во елитата.

