Наполи со стил им се враќа на победите во Серија А

3010 Наполи – Болоња (Серија А Италија, 20:45 часот)

Екипата на Наполи има фантастичен старт во новата сезона на Серија А, каде што по неколку децении, се можеби и најсериозниот кандидат за титулата.

Сепак, патот до неа ќе биде тежок, иако почетокот e неверојатен и е проследен со осум победи од девет одиграни средби.

Сепак, Елиф Елмас и и останатите момци ќе сакаат да се вратат на победничките патеки откако минатиот викенд ремизираа со Рома, а домашниот терен и противникот кој и не е од самиот врв, претставува одлична можност за тоа.

Предлог тип: 1 и 3+ (1.76)

 

1308 Селта Виго – Реал Сосиедад (Ла Лига Шпанија, 19:00 часот)

Дијаметрално спротивен е почетокот на новата сезона за двата тима.

Додека гостите се во борба за самиот врв и се наоѓаат на четвртото место, а со победа и да избијат напред, Селта Виго тргна неуверливо и има само 10 бодови.

Но, голема предност за нив ќе биде тоа што гостите ќе бидат без најавени шестмина играчи кои ќе отсуствуваат поради повреда, а неколку од нив се и клучни за тимот.

Знаат овие екипи кога ќе се сретнат да одиграат и доста ефикасно, па затоа такво нешто се очекува и денеска.

Предлог тип: ГГ3+ (2.55)

 

2863 Амштетен – Рапид Виена (ОФБ Куп Австрија, 18:00 часот)

Јасно е дека фаворитската улога им припаѓа на гостите, кои важат за еден од најголемите и најпознатите клубови од Австрија.

Додека за Амштетен, кој настапува во втората по квалитет лига на оваа држава, ќе биде едно убаво искуство да се докажат пред своите навивачи.

Во историјата досега, овие екипи играле двапати и интересно е што двете средби завршиле нерешено и токму на стадионот којшто ќе се игра вечерва.

Сепак, тоа беше пред седум, односно шест години, а таков „кикс“ нема да си дозволи Рапид, кој ќе сака да постигне гол повеќе во противничката мрежа.

Предлог тип: 4+ (2.30)

 

9199 Флензбург – Мотор Запорожје (Ракомет ЕХФ Лига на шампиони, 20:45 часот)

Германскиот великан е најнепријатното изненадување во најквалитетното ракометно натпреварување.

По пет одиграни средби, Флензбург сè уште не знае за победа во Лигата на шампионите и е на последното место во групата „Б“.

Но, и покрај сето тоа, тимот од Германија е огромен фаворит против Мотор, кој е две места над него.

Финансиите, играчкиот кадар, како и предноста од домашната публика ќе биде нешто што ќе го мотивира Флензбург до првата радост во ЛШ.

Предлог тип: 1 со хендикеп, -3.5 (1.80)

 

2886 Брага – Пасош Фереира (Куп на Португалија, 21:15 часот)

Ако ја исклучиме големата тројка во Португалија, Брага можеби и е најконстантиот тим.

Сепак, во изминатите години и не успеваа на којзнае каков начин да го крунисаат тоа, а за оваа година се надеваат дека ќе направат успех во Лига купот.

Денешниот противник им е по мерка, а на последната одиграна средба конечниот резултат заврши со 2:1 во корист на Брага.

Предлог тип: 1 и 0-3 погодоци (2.16)

 

- Оглас -

Најнови вести