13.8 C
Skopje
недела, 9 ноември 2025

Наполи станува незамислив без Елмас во стартниот состав

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас според сите најави и денеска на гостувањето кај Болоња ќе биде стартер во тимот на Наполи како лево крило и дел од напаѓачкото трио во кое ќе бидат и Матео Политано и Расмус Хојлунд.

По повредата на Кевин Де Бројне, се отвори простор за Дијамантот кој втор меч по ред е стартер во Наполи, нешто што ретко се случуваше во минатото.

Италијански „Кориере“ објави една интересна информација поврзана со Елмас, тврдат дека Антонио Конте го сакал Елиф уште лани во јануари откако го продадоа Хвича Кварацхелија во ПСЖ, но не се вратил во Наполи од административни причини, и прејде во Торино.

Еве што напишаа во римскиот весник

„Тренерот Конте сакаше да го врати во Наполи уште во јануари, но поради прашање за места во тимот за играчи кои се надвор од ЕУ, ништо не се случи и тој отиде во Торино. Во летото повторно се појави можноста и раката на Конте сè уште беше испружена, убеден дека Елмас може да биде вреден адут. На крајот на краиштата, зборуваме за третиот најдобар стрелец на Наполи во шампионската 2022/2023 по Осимен и Кварацхелија“. 

- Оглас -

Најнови вести