Наполи е пред договор со Матија Закањи и како што објавија италијанските медиуми, играчот за врска ќе се пресели во Неапол од Верона за 13 милиони евра во зимскиот преоден рок.
Закањи е играч за врска, има 25 години и игра одлично сезонава со ефект од четири гола и пет асистенции. Во игра за трансфер на новопечениот италијански репрезентативец се и Рома, Лацио и Милан, но Наполи сега ја има пол-позицијата и е подготвен да ја плати отштетата што ја бара Верона, во висина од 13 милиони евра.
Со тоа дополнително би се искомплицирала ситуацијата за Елиф Елмас и Закањи само дополнително ќа ја засили конкуренцијата во средниот ред на Наполи.
Македонскиот репрезентативец има мала минутажа во Наполи, многу ретко е стартер, па можеби е време да размислува и за заминување од Наполи.
Елмас пристигна во Наполи во јули 2019 година од Фенербахче за сума од 16 милиони евра, или со бонуси вкупно за 19 милиони евра, што е највисока трансфер-сума во историјата на македонскиот фудбал.