Наполи со победата над Јувентус вечерва, дојде на чекор од освојување на Скудетото во Серија А, и уште следната недела може да ја прослави третата шампионска титула.
Елиф Елмас и соиграчите, во моментов имаат 17 бодови повеќе од вториот Лацио, а до крај останаа да се играат уште седум кола што значи дека во игра се максимум 21 бодови.
Одамна е јасно дека Наполи ќе биде шампион, но тие титулата може да ја освојат уште во последниот ден од април. За да се случи тоа, треба прво Наполи в сабота дома да ја совлада Салернитана, а потоа да чека Лацио да не победи на тешкото гостување кај Интер в недела, што е реално да се случи.