Наполи успеа да ја добие битката на суд – Избришан е службениот пораз од Јувентус

Наполи успеа да го избрише службениот пораз од Јувентус откако не отпатува на дербито што беше закажано за 4 октомври, а судот денеска ја прифати жалбата на наполитанците.

На Наполи ќе му биде вратен и одземениот еден бод, што беше дополнителна казна, а се очекува дербито со Старата дама да се преигра во нов термин.

Наполи не отпатува за Торино поради проблеми со строгите протоколи и затворањето на областа Кампања, како што тврдеа Наполитанците.

Првично објаснувањето не им беше прифатено, па одлуката на Фудбалската федерација на Италија беше да го загубат мечот службено со 3:0 и плус да им биде одземен еден бод како дополнителна казна.

Сега се враќа првобитната ситуација и Јувентус наместо 27 има 24 бода и на Наполи му е вратен едниот бод, па сега е израмнет со Старата дама по бројот на бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести