Наполи синоќа се намачи, но на крајот успеа да го победи Емполи со 2:0. Лозано од пенал во 69-тата и Зјелински со погодок во 88-мата минута потврдија дека трите бода се за тимот од Неапол.
Оваа победа на Наполи беше јубилејна 10-та по ред во Серија А, што е само трет пат во клупската историја да имаат двоцифрен број на победи во првенството.
Рекордот на Наполи во Серија А се 13 триумфи по ред, и тоа во периодот од април до октомври 2017 година, додека во периодот од декември 2017 до февруари 2018 година, Наполи имал 10 победи во низа, како што има и сега.
По 14 кола, Наполи има 12 победи и две нерешени без ниту еден пораз и веќе има 38 бодови, дури осум повеќе од второпласираниот Милан, кој вчера киксираше и одигра само 0:0 на гости кај Кремонезе.