Наполи успеа да извлече победа на гостувањето во Верона и славеше со 1-2, со гол постигнат буквално во последен миг. Стрелец беше Ромелу Лукаку во шестата минута од судиското продолжение.
На стартот, Наполи поведе уште во втората минута со голот на Расмус Хојлунд.
Но, Верона не се предаде лесно, во 65-тата минута израмни Жан-Даниел Акпа Акпро.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра цел натпревар за Наполи.

