Наполи втор меч по ред не може да даде гол пред своите гледачи

Лидерот во Серија А, екипата на Наполи ги разочара своите навивачи играјќи без голови против Верона во 30-то коло.

И покрај ремито, Наполи повеќе од сигурно ќе ја освои титулата, која би била трета во клупската историја бидејќи на осум кола до крајот на сезоната има 14 бодови повеќе од второпласираниот Лацио.

Ова е втор натпревар на Наполи по ред на кој не успева да постигне гол и да не се радува на триумф.

Тимот на Лучано Спалети, во средата загуби од Милан со 1:0 во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, а интересно е што и последниот меч од Серија А пред своите гледачи не успеа да постигне гол. Пред две кола, Наполи убедливо загуби токму од Милан со 0:4.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, беше дел од првиот тим на Наполи и одигра 73 минути по што беше заменет од Лоботка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести