Десниот бек Паскале Мацоки од Салернитана е нов фудбалер на актуелниот шампион на Италија, Наполи. Тие за него платија три милиони евра на ривалот од јужна Италија и веројатно овој трансфер немаше да привлече големо внимание ако Мацоки не беше роден во Неапол и од најмала возраст навивач на Наполи.
Тој од најмала возраст ги посетувал натпреварите на Наполи и навивал за клубот, а сега на 28-годишна возраст ќе добие шанса и да ги брани боите на својот омилен клуб.
Мацоки освен за Салернитана, во својата кариера настапуваше и за Беневенто, Верона, Белариа, Про Пјаченца, Римини, Парма, Перуѓа и Венеција.
Тој е само вториот фудбалер, освен Џанлука Гаетано, кој е роден наполитанец во редовите на актуелниот шампион на Италија.