Наполи замената за Елмас ја бара во Украина

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, неодамна го напушти Наполи и потпиша за Ред Бул Лајпциг, а италијанскиот шампион веќе ја започна потрагата по замена за дијамантот.

Наследникот на Елмас е пронајден во украинскиот тим Шахтар, тоа е 21-годишниот Георгиј Судаков.

Управата на Наполи веќе започна преговори со челниците на украинскиот тим и првата понуда која е доставена за Судаков е тешка 35 милиони евра.

Во битката за потписот со Судаков, Наполи може да има голема конкуренција во Јувентус кој исто така пројавува интерес за 21-годишниот фудбалер, но сè уште не доставил официјална понуда.

- Оглас -

Најнови вести